недела, 14 јули 2024

Медведев: Запленувањето на рускиот имот е причина за објава на војна

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев ја повика денес меѓународната заедница да не го поддржува запленувањето на рускиот имот во корист на Украина, за да избегне обвиненија за соучесништво.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според него, кога ќе се заплени имот, Русија има право на „колективна самоодбрана“.

„Кражба на државен имот, под одредени услови, генерално може да се оквалификува како агресија, па дури и да стане причина за објава на војна“, порача Медведев на Санктпетербуршкиот меѓународен форум (СПБИЛФ).

Тој ги повика сите одговорни членови на меѓународната заедница да се изјаснат против „флагрантното кршење на меѓународното право“ и да се воздржат од „поддржување и признавање на такво злосторство“, пренесува Комерсант.

„Медведев истакна дека Русија „во секој случај ќе биде принудена да преземе возвратни мерки во согласност со принципот на реципроцитет“.

Тој напомена и дека треба да се пресмета вистинската штета која санкциите на Западот ѝ ја предизвикале на руската економија, нејзините граѓани и претпријатијата, како и изгубената добивка од ограничувањето на економските активности.

„Законот мора да биде безмилосен во ваквите случаи и да бара недвосмислено отфрлање на политиката на мешање во внатрешните работи на други држави преку санкции. Во спротивно, ниедно лице, ниедна држава нема да може да се чувствува вистински заштитено“, кажа Медведев.

Тој оцени дека современиот свет и правниот систем воспоставен во него радикално се разликуваат од претходните, како и дека „достигнале точка без враќање“.

„Нашата заедничка цел е да направиме сè за решавање на контрадикциите кои ескалираа до крајни граници“, додаде тој.

Медведев објасни дека понекогаш намерно дава „песимистични или апокалиптични“ изјави затоа што, како што наведе, на тој начин се обидува да го сврти вниманието на тешката ситуација во светот.

„Јас често зборувам за различни проблеми и понекогаш слушам забелешки дека тоа изгледа песимистички или дури апокалиптично, само сакам сите да размислуваат за тоа што се случува во светот. Се случуваат нешта целосно без преседан. Да не зборувам за тоа дека, како што знаете, песимист е добро информиран оптимист“, истакна Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ