недела, 14 јули 2024
УХМР

Сончев викенд, па од вторник пак невреме

Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури, како што соопшти УХМР, насекаде ќе бидат над 30 степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ