недела, 28 април 2024

Газа: 12 лица се удавија обидувајќи се да допливаат до хуманитарната помош; Хамас: Прекинете ја испораката со падобрани

Осумнаесет Палестинци загинаа, од кои 12 се удавија, обидувајќи се да стигнат до пакетите со хуманитарна помош кои се фрлаат со падобрани во Појасот Газа погоден од глад, соопшти денеска Хамас, повикувајќи на прекин на испораката на помош со падобрани и отворање на копнени рути.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На видеото од испораката од воздух во понеделникот се гледа како толпа луѓе трча кон плажата, во Беит Лахија во северна Газа, додека сандаци со падобрани се спуштаат надолу, а потоа луѓе кои се длабоко во водата и тела како се извлечени на песокот, пренесе Гардијан.

Во Вашингтон, Пентагон соопшти дека три од 18-те пакети помош фрлени со авион во Газа во понеделникот имале дефекти на падобраните и паднале во водата, пишува Гардијан.

Министерството за здравство на палестинската енклава извести за повеќе од 80 мртви во израелските воздушни напади во последните 24 часа, пренесува Франс прес.

И покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која во понеделникот повика на „итен“ прекин на огнот, со 14 гласа „за“ и „воздржан“ од САД, војната продолжува да беснее во Појасот Газа.

Нов показател за очајната хуманитарна состојба во Газа, каде според ОН глад ​​им се заканува на сите 2,4 милиони жители, е соопштението на Министерството за здравство на енклавата во вторникот во кое се зборува за осумнаесет загинати, од кои дванаесет се удавиле „во изминатите неколку часа“ додека се обидувале да стасаат до хуманитарната помош.

Останатите шест жртви загинале во стампедо што се случило откако хуманитарната помош била фрлена со падобран. Набргу по таа објава, Хамас повика да се прекине испраќањето хуманитарна помош по воздушен пат и да се отворат копнени патишта. Израел одржува цврста контрола врз овие патишта, поради што другите земји, како Велика Британија, Франција и САД, одлучија да испратат помош од воздух, пишува Франс прес.

Милитантната група рече дека „секогаш ги предупредувала земјите кои испраќаат помош од воздух“ за опасноста од таквите операции, особено затоа што дел од помошта паѓа во море.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека би било „непростливо“ да не се спроведе резолуцијата на Советот за безбедност.

Израел, од друга страна, бесен на САД, ја откажа планираната посета на својата делегација на Вашингтон, велејќи дека американската воздржаност им „штети“ на неговите воени напори и ослободувањето на заложниците.

„Немаме морално право да ја запреме војната се додека има заложници во Газа“, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ