понеделник, 13 мај 2024

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Жељко Обрадовиќ ќе продолжи да го води Партизан откако денеска и официјално стави потпис на нов договор со црно-белите.

Објавено на

часот

Сподели

Продолжувањето на договорот меѓу Партизан и Обрадовиќ беше главна тема во изминатиот период, на радост на фановите на белградскиот тим, најтрофејниот тренер ќе остане на кормилото на тимот.

Тој денеска стави потпис на нов двегодишен договор и во Партизан треба да остане најмалку до 2026 година.

„Сите знаат дека ова е мој клуб во кој уживам да работам. Благодарност до сите соработници, играчите, сите во работната заедница Партизан, но посебна благодарност до луѓето од управата кои вложуваат максимални напори Партизан да биде голем и успешен. Откако се вратив целта ми е Партизан да биде редовен учесник во Евролигата. Тоа што се случува на нашите натпревари ги надмина границите на спортот и Партизан. Стана нешто големо, огромно. Им благодарам на навивачите на поддршката и љубовта која ни ја даваат, нека продолжат така“, рече Обрадовиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ