понеделник, 13 мај 2024

Италија го критикуваше преземањето на филијала на нејзина компанија во Русија

Италија денеска му изрази незадоволство на рускиот амбасадор затоа што рускиот енергетски гигант Газпром ја презеде контролата врз италијанската филијала на Аристон Термо Груп, соопшти министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Тајани на платформата Икс напиша дека италијанската влада бара појаснување за национализацијата на компанијата Аристон Термо Груп, која е специјализирана за опрема за греење и производство на топла вода.

Тој додаде дека Италија на овој план соработува со ЕУ и Германија, бидејќи компанијата Бош има удел во сопственоста на таа филијала на италијанската компанија.

Преземањето на италијанската компанија е извршено според рускиот декрет објавен во петокот и потпишан од претседателот Владимир Путин.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Москва ги презеде руските филијали на неколку западни компании, како францускиот Данон и данскиот производител на пиво Калрсберг, префрлајќи ги, како што беше речено, под своја „привремена контрола“.

Русија ги претстави овие мерки како одговор на санкциите на Западот против руските компании.

Западните официјални лица и некои од компаниите ја осудија „национализацијата“ на нивните приватни средства во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ