недела, 12 мај 2024
Премиерлига

ВАР спречи магичен кам-бек на Челси и во 95. минута му поништи гол за победа кај Вила (ВИДЕО)

Астон Вила и Челси одиграа возбудливо реми, домаќините на полувреме водеа со 2-0, гостите во вториот дел стигнаа до 2-2, за во судиското надоплнување ВАР да спречи магичен камбек на „сините“.

Објавено на

часот

Сподели

Челси се врати од два гола негатива на гостувањето на Вила Парк, во последните мигови избраниците на Маурисио Покетино на кратко се ираздуваа и на гол за победа, но ВАР замеша прсти и на крајот бодовите беа поделени.

Астон Вила поведе рано, Кукуреља во 4. минута си ја затресе сопствената мрежа за предност на домаќините од 1-0. Пред крајот на првиот дел, Роџерс реализираше за 2-0.

Но „сините“ не се предадоа, Мадуеке во 62. минута намали на 2-1, за потоа Галагер да изедначи на 2-2 во 81. минута.

Длабоко во судиското надоплнување, Дисаси погоди за 2-3 и голема радост, но тогаш на сцена стапи ВАР, кој го поништи голот и спречи магичен кам-бек на Челси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ