„Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред резиденцијата на премиерот“, објавија полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.
„Премиерот и неговото семејство не биле во резиденцијата“, се додава, со осуда на „сериозниот инцидент кој претставува опасна ескалација“.
Ова не е прв напад на резиденцијата на Нетанјаху. На 22 октомври беспилотно летало беше испукано во насока на резиденцијата и погоди „структура“ во Цезареа, соопшти кабинетот на премиерот.
Нетанјаху, кој ни тогаш не беше таму, го обвини Хезболах дека „се обидел да ги убие“ него и неговата сопруга. Три дена подоцна либанската паравојска поддржана од Иран ја призна одговорноста за нападот.