Како што информираа денеска од МНР, парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно.
„Со посредство на нашите дипломатско-конзуларни претставништва ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за тоа, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат. Остануваме во секојдневна комуникација со нив, сѐ до нивна евакуација на безбедно“, соопштија од МНР.
Во меѓувреме, потенцираат од МНР, работат на идентификување и прибирање податоци за евентуална евиденција и на други македонски државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваат на контактите на министерството, СОС телефоните, 075- 273- 732 и 075-268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542.