„Новиот план има за цел Западен Балкан да биде вклучен во низа цели што треба да се постигнат, додека економиите на Западен Балкан и ЕУ сè уште се далеку. Треба да се направи многу работа за да се подигнат економиите. Луѓето од Западен Балкан мора да се отворат еден кон друг и ако сакате пристап до Европската Унија мора да бидете на исто ниво. Ова беше многу вреден самит. Сакаме да одиме напред и да се движиме брзо“, рече Лаен.
Таа нагласи дека тоа што за прв пат десетиот самит се одржа во Албанија, земја која не е членка на ЕУ, е доказ дека Унијата сака поблиски односи со Западен Балкан.
Дер Лаен најави економски пакет за регионот вреден 30 милијарди евра со очекување да јакне заедничкиот пазар на земјите од Западен Балкан со цел да се доближи до единствениот пазар на ЕУ.
Планот за економски раст на Западен Балкан ќе биде претставен идниот месец.
„Само ако работите заедно и соработувате со соседите ќе се добижите до ЕУ, ќе бидете во срцето на Унијата, каде и припаѓате. Зграпчете го моментот, историјата се менува“, рече Лаен.
Таа сепак нагласи дека зачленувањет во ЕУ најмногу ќе зависи од самите земји кандидатки.
„Пристапувањето е процес заснован на заслуги, и не може да постои фиксен датум за членство, без оглед дали и како ги спроведувате реформите или не. Такво нешто никогаш нема да биде прифатливо за земјите членки. Ако пак, се чека 2030 година, тоа би значело дека во следниот мандат нема да има проширување. Затоа сметам дека усогласената методологија која ја имаме во Европскиот совет, е дека процесот е заснован на заслуги. Тоа е повреден начин за самите земји, бидејќи успесите ќе ги водат напред и тоа е силен поттик, рече претседателката на ЕК.
Централно место во обраќањето на претседателката на ЕК сепак, не беше Западен Балкан, туку ситуацијата на Блискиот Исток.
Германскиот канцелар Олаф Шолц ги охрабри државите кандидатки, изјавувајќи дека зачленувањето на Западен Балкан треба да се забрза. Дваесет години да се чека, тоа е премногу, наглси Шолц.
„Затоа работевме така напорно за поддршка на Северна Македонија во нејзиниот пристапен процес кон ЕУ. И за да се ѝ се решат сите проблеми, прво со Грција, а потоа и со Бугарија. Има шанса зашто се движиме во вистинската насока. Го цениме тоа што го прават владата и премиерот на Северна Македонија“, рече Шолц.
Албанскиот премиер Еди Рама се заблагодари за пораките и рече дека сепак Албанија ја огреало сонце бидејќи, како што рече во свој стил, не се оствариле прогнозите на метеоролозите за дожд за време на Самитот на Берлинскиот процес.