недела, 17 ноември 2024

Д-р Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на Македонија

Познатиот инфектолог д-р Вело Маркоски реши да се кандидира за претседател на Македонија и својата намера ќе ја објави во четврток.

Објавено на

часот

Сподели

Д-р Вело Марковски денеска до медиуми испрати покана за средба во четврток каде ќе ја објави, како што пишува во поканата, својата намера за поднесување на своја кандидатура на претстојните претседателски избори.

Во поканата уште се наведува дека во таа функција ќе промовира и своја веб-страница.

Други информации не се споделени како тие дали веќе разговарал за партиско – политичка поддршка, ниту зошто решил самостојно да ја најави својата намера да учествува на изборите за  шеф на македонската држава.

Марковски беше чест гостин на медиумите особено во време на ковид пандемијата кога привлече внимание со своите различни погледи за оваа заразна болест, како и за методите за изолација и карантин, но и за самиот третман на лекување на пациентите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ