недела, 7 јули 2024

Белорусија стана членка на блокот на Путин и Си: Минск официјално е дел од Шангајската организација за соработка

Белорусија стана членка на Шангајската организација за соработка (ШОС), таа одлука е официјализирана на состанокот на Советот на шефови на држави на ШОС во Астана, соопшти денеска агенцијата Белта.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во Астана дека Минск ќе вложи максимални напори да го зголеми својот авторитет и бројот на сојузници на организацијата и истакна дека многу од белоруските идеи презентирани претходно веќе добиле меѓународна поддршка.

„Ова се однесува на трансфер на технологија, безбедност на информации, транспорт и логистика, индустрија, трговија и инвестиции“, објасни претседателот.

Зборувајќи за безбедноста на храната, Лукашенко истакна дека предизвиците во таа област не доаѓаат само од традиционалните фактори, како што се природните катастрофи, туку и од „вештачки бариери“, вклучувајќи ги незаконските санкции за минерални ѓубрива, опрема и патишта за снабдување.

„Имаме моќ да ги храниме луѓето, елиминирајќи многу противречности и конфликти поради социјалната нееднаквост, недостигот на храна и ресурси. Ова е и меѓусебно збогатување на културите, што ќе доведе до неизбежно зближување на народите“, истакна Лукашенко.

Состанокот на Советот на членките на Шангајската организација за соработка започна со церемонија на потпишување на важни документи, неколку минути подоцна претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев го најави приемот на Минск во ШОС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ