недела, 19 мај 2024

Захарова: САД сакале-нејќеле, учествуваа во создавањето на ИСИС и сега таа нѐ напаѓа нас

Соединетите Американски Држави, сакале или не, учествуваа во создавањето на терористичката група „Исламска држава“, која е одговорна за терористичкиот напад во Крокус, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во последниве години, ИСИС ги приспособи своите планови и сега врши напади главно против непријателите и противниците на САД – талибанците во Авганистан, Иранците, легитимните власти на Сирија и против нас“, напиша таа во колумна за Комсомолскаја правда, нарекувајќи го тоа „чудна случајност на околностите“, пренесе РИА.

Рускиот истражен комитет соопшти дека бројот на жртвите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во петокот во Москва е зголемен на 137, а меѓу нив има и три деца.

Во нападот се повредени повеќе од 180 лица, од кои 142 се хоспитализирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ