сабота, 27 јули 2024

Повеќе од 300 палети хуманитарна помош пристигнаа во Појасот Газа

Над 300 палети со хуманитарна помош за Појасот Газа се истоварени на привременото пристаниште што го поставија Соединетите Американски Држави (САД) на брегот на палестинската територија, соопшти денеска израелската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хамас денеска соопшти дека „ниту еден пат за испорака на помош, вклучително и привремениот пристап преку море, не е алтернатива за рутите под палестинска контрола“.

По неколкудневната блокада на хуманитарната помош за Појасот Газа, каде што се заканува глад, американската војска вчера најави пристигнување на „околу 500 тони помош во наредните денови“.

Израелската војска изврши нови напади во Рафа во кои две лица беа убиени во кампот Бербера, соопшти Министерството за здравство на Хамас.

Израелската војска вчера соопшти дека во Појасот Газа се пронајдени телата на тројца израелски заложници, киднапирани за време на нападот на Хамас во Израел на 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ