петок, 15 ноември 2024
Изјава на претседателот на Србија

Вучиќ вели дека Бугарите негодуваат затоа што Србија е попопуларна од нив во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ во гостување на ТВ Пинк говорејќи за односите во регионот изјави дека „односите со Црна Гора се нешто подобри од порано, со Унгарија и Северна Македонија најдобри во историјата, а Бугарите замеруваат затоа што сме попопуларни од нив во Северна Македонија“.

„Со Албанија имаме пристојни односи колку што е можно. Премиерот Еди Рама не беше на неодамнешниот саем за вино, но беа албански претставници и некои од нивните вина добија награди. Нивните сорти вино се интересни, не ги сакам овие светски вина. Ги сакам сите вина на нашите браќа Македонци. И ‘Плантаже’ направи едно добро вино“, изјави Вучиќ.

Вучиќ синоќа изјави дека односите со Хрватска ќе бидат подобри кога ќе сфатат дека Јасеновац е срам, а не нешто што треба да се заборави.

Тој рече дека не сака да го коментира протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија и дека тоа е работа на надлежните органи.

„Не го ни споменав тоа и не сакав да зборувам за тоа, бидејќи мислев дека тоа е прашање на професионален однос. На две сериозни служби како Српската и Хрватска“, изјави Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ