За остварување во областа на науката и образованието, наградата ќе им биде врачена на тимот за трансплантација на црн дроб (проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска) и на универзитетски професор Африм Османи.
За остварување во областа на културата и уметноста, наградата ќе ја добијат визуелниот уметник, проф. м-р Роберт Јанкулоски и писателот Блаже Миневски.