недела, 17 ноември 2024

Во МИОА од 18 тендери, на 14 се јавила една фирма и ги добила

Од јануари 2021 година до јуни 2023 година Министерството за информатичко општество и администрација потрошило 6,5 милиони евра за тендери на кои се јавувала најчесто само една фирма и таа ги добивала, покажува независна ревизија која анализирала 18 договори по случаен избор. Ревизијата ја презентираше министерот Азир Алиу.

Објавено на

часот

Сподели

На 14 од разгледуваните 18 тендери се јавила само една фирма. Исто така, во голем дел од постапките, сумата што била предвидена во планот за јавни набавки на Министерството за одредена набавка, била сосема иста со сумата што ја понудила одредена компанија.

Министерот за информатичко општество, Азир Алиу вели дека во следниот период ќе бара начин да ги поттикне компаниите да даваат свои понуди на огласите.

Од една страна, одредени компании сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, додека од друга страна голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Секако ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е целокупно системско решение кое ќе ги спречи сите обиди за злоупотреба и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции“, рече министерот Алиу.

Алиу апелира дека доколку сакаме Македонија да стане членка на Европската Унија, тогаш мора отворено да се зборува за сите проблеми на овој пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ