недела, 30 јуни 2024

Во Грузија наскоро ќе биде забранета „пропаганда“ на геј врски и промена на пол

Парламентот на Грузија денеска даде првично одобрување на пакетот нацрт-закони со кои ќе се воведат широки ограничувања на правата на ЛГБТ луѓето, вклучувајќи забрана за „пропаганда“ на истополови врски и операции за промена на полот.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Пакетот, предложен од владејачката партија Грузиски сон, кој може да ги забрани парадите на гордоста и јавното истакнување на ЛГБТ знамиња во боите на виножитото, беше одобрен од мнозинството пратеници. Треба да помине уште две читања пред да стане закон.

Претседателот на парламентот Шалва Папуашвили овој месец изјави дека второто и третото читање на законот ќе се одржи наесен, пред парламентарните избори закажани за 26 октомври.

Тој истакна дека е потребно да се контролира „ЛГБТ пропагандата која ги менува традиционалните односи“.

Законот ќе им забрани на нехетеросексуални парови да посвојуваат деца и ќе го спречи менувањето на полот во личните документи. Нема да бидат дозволени ниту јавни собири кои промовираат истополови врски.

Ќе биде забранета „ЛГБТ пропагандата“ во образовниот систем, како и прикажување на интимни односи меѓу истополови парови на телевизија.

Грузиската јавност, според анкетите, не ги одобрува истополовите врски. Истополовите бракови се забранети со уставот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ