понеделник, 25 ноември 2024

Вербален и физички конфликт во српското Собрание, Брнабиќ повика обезбедување (ВИДЕО)

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска го повика обезбедувањето да влезе во собраниската сала по инцидентот меѓу претставници на опозицијата, власта и претставници на Владата на Србија.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

По усвојувањето на дневниот ред и откако требаше да започне седницата, претставниците на опозицијата кренаа транспаренти на кои пишуваше „рацете ви се крвави“ и „корупцијата убива“, на што претставниците на власта одговорија со транспаренти на кои пишуваше „жолти ѓубриња, корупцијата и крадењето се вашето средно име“.

Некои од опозицијата се доближија до клупите каде што седат претставници на Владата, што предизвика прво вербален, а потоа и физички конфликт.

Во тој момент во салата влезе и обезбедувањето, но метежот продолжи, при што беа разменети неколку удари.

Брнабиќ во повеќе наврати бараше од пратениците да се вратат на клупите и рече дека нивното однесување е „срам за тој дом“ и „плукање по жртвите“ во Нови Сад.

Инцидентите потоа продолжија во галеријата на собраниската зграда, каде што најпрвин пратениците од владејачкото мнозинство развија транспарент со натпис „Жолтите крадци сакаат војна, Србија сака работа“, по што дел од опозицијата се обиде да го отстранат транспарентот.

Краткото кошкање беше прекинато кога во галеријата влезе собраниското обезбедување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ