четврток, 4 јули 2024

УЕФА отвори истрага за непристојниот гест на Белингем

Европската куќа отвори истрага против Џуд Белингем и неговиот неприсотен гест за кој се верува дека беше наменет за клупата на Словачка.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерот на Реал Мадрид синоќа со гол во 95. минута ја спаси Англија од срамна елиминација и обезбеди продолженија, а при прославата направи еден непристоен гест за кој се верува дека беше наменет за клупата на популарните „соколи“.

Тој подоцна се огласи на социјалните мрежи и се правдаше дека се работело само за интерна шега со блиски пријатели кои од трибините го следеле мечот.

Но попладнево се огласија од УЕФА и брифираа дека е отворена истрага против Џуд Белингем за прекршување на основите правила за пристојно однесување.

Останува да се види каква ќе биде одлуката на Европската куќа на фудбалот, дали Џуд Белингем ќе биде суспендиран за пресметката против Швајцарија во четврт-финалето или пак ќе помине само со парична глоба или опомена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ