Викиликс на социјалната мрежа Икс сподели таен документ на израелските разузнавачи од октомври 2023, во кој се спомнува израелски план за намерно протерување на цивилите од Газа во Египет. Викиликс наведува дека израелските власти заклучиле дека „таквата стратегија носи долгорочно позитивни резултати“.
„Планот предвидува процес во три чекори кој вклучува поставување шаторски населби на Синај и отворање хуманитарен коридор, по што следи изградба на градови на северен Синај, од кои нема да има враќање“, се наведува во постот на кој е прикачен целиот документ.
Verified document from Israeli Ministry of Intelligence in October 2023 suggests forced displacement of Gaza civilians to Egypt would “yield positive and long term strategic results”.
The advisory document envisions a three stage process including the establishment of tent… pic.twitter.com/4QVykZMdw3
— WikiLeaks (@wikileaks) July 2, 2024
Војната во Појасот Газа Израел ја води веќе девет месеци, а израелските власти тврдат дека нема да сопрат додека не го уништат Хамас.
Во нападите на израелската војска во Газа се убиени над 37.000 Палестинци, од кои 56 отсто се жени и деца, а уште десетици илјади луѓе се ранети. Одделни држави го тужат Израел за спроведување геноцид во Газа.
Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, страницата која од 2006 година објави низа доверливи документи на светски влади и разузнавачки агенции, пред една недела се врати во Австралија откако се нагоди со судот и призна вина според американскиот закон за шпионажа. САД со години бараа негова екстрадиција, судење и драконска казна за австралискиот новинар за откривање класифицирани документи во кои беа откриени американски злосторства во конфликти низ целиот свет.