понеделник, 22 јули 2024

Бугарскиот парламент го одби предлогот за состав на нова влада

Бугарскиот парламент го отфрли денес предлогот за состав на нова влада, која ја предложи партијата од десниот центар ГЕРБ, што веројатно ќе ја приближи земјата до нови избори, седми во последните три години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Партијата ГЕРБ, која заврши како прва на јунските избори, има 68 пратеници во народното собрание со вкупно 240 места, па затоа мораше да се обиде да состави коалиција за состав на нов кабинет.

Го избра Росен Жељазков, сегашниот претседател на парламентот да ја предводи новата влада наместо нејзиниот лидер Бојко Борисов, кој претходно водеше три влади во периодот од 2009 до 2021 година, кога неговиот кабинет поднесе оставка по големите антикорупциски протести.

Иако Борисов се обиде да најде коалициски партнери во други помали партии, не успеа да обезбеди доволна поддршка.

Претседателот на земјата сега следниот мандат за формирање влада ќе ѝ го врачи на второпласираната партија на изборите, партијата МРФ.

Аналитичарите предвидуваат дека по неуспехот на првото гласање ќе биде тешко да се формира одржлива коалиција во овој парламент и дека најверојатната опција е одржување нови избори, кои само ќе ја продлабочат политичката криза во најсиромашната земја членка на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ