четврток, 18 јули 2024

Бугарија и Грција во стратешко партнерство против Македонија

На денешната седница на бугарската влада техничкиот премиер Димитар Главчев информираше дека заедно со Грција, македонското досие го отвориле пред европските лидери во Брисел. Вчера во Атина бугарскиот претседател Румен Радев имаше средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Грчките медиуми јавија дека главна тема на оваа средба била Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„За прв пат, кон нашата позиција се вклучи и Грција. Станува збор за Македонија“, изјави Главчев.

Радев по вчерашната средба со Мицотакис во Атина, коментирајќи ги последните пораки на Мицкоски рече дека и меѓународното и уставното право биле јасни и дека договорот за добрососедство не може да биде предмет на пазарење.

„Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполнува од сите влади, а не да се ревидира“, изјави Радев.

На конференцијата на Економист, шефот на грчката дипломатија Герапетритис изјави дека меѓународното право не е селективен процес.

„Кога би можеле да избереме некои од одредбите на договорите, а другите да ги оставиме, тогаш очигледно, воопшто не би постоело меѓународно право. Штом има ратификација, нема враќање назад и мора целосно да го почитуваме. Тоа е она што го бараме од Северна Македонија“, изјави Герапетритис.

Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски пред два дена изјави дека Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот поредок на земјата, а Договорот со Бугарија, како што еднаш бил репреговаран со францускиот предлог, би можело повторно да претрпи измени во корист на македонскиот народ.

„За билатералните односи и прашања од европски интерес по последниот Европски совет, разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и бугарскиот претседател Румен Радев на нивната денешна средба во Атина“, информираа вчера од кабинетот на премиерот на Грција, а паралелно го потврдиле стратешко партнерство меѓу двете земји.

На почетокот на средбата Мицотакис рекол дека секогаш имаат многу работи за разговор за регионот, „во услови на важни геополитички предизвици“.

„Но, тоа е и можност уште еднаш, одново да го потврдиме стратешкото партнерство на нашите две земји, кое верувам дека им донесе многу на нашите два народи“, нагласил Мицотакис. Бугарскиот претседател рекол дека „стратешко партнерство создава оска на стратешка соработка“.

„Сè што правиме заедно, Грција и Бугарија, ја одразува безбедноста и стабилноста на нашиот регион“, посочил Радев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ