Министерката додаде дека Владата предводена од СДСМ и надлежните институции нема да дозволат отворање на рудник во Иловица без консулатација и одобрение од граѓаните, од локалното население, без запазување на целата постапка и без исполнување на сите стандарди за животна средина согласно постојното законодавство усогласено со европското.
Тренчевска истакна дека Струмичкиот регион е земјоделски крај, а струмичкото плодно поле е егзистенција за илјадници семејства, а Владата преку ресорното министерство покажала и докажала како треба да се поддржи земјоделството и земјоделците.
„Имаме стопроцентна спроведена Ипард-2 програма во државата и први во регионот почнавме со реализирање на програмата Ипард-3 во вредност од 210 милиони евра наменети за сите сектори во земјоделството и руралниот развој. Тоа значи дека кога станува збор за земјоделството и здравјето на граѓаните нам како СДСМ тоа ние е највисок приоритет“, подвлече Тренчевска, која заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, пратеници и советници од нејзината партија присустуваше на денешниот протестен собир против отворање на рудник во струмичко.