среда, 4 декември 2024

Дачиќ по протестите на опозицијата во Србија: Полицијата нема да толерира нарушување на јавниот ред и мир и загрозување на институциите

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ ги предупреди денес учесниците на опозициските протести во Србија дека полицијата „нема да толерира нарушување на јавниот ред и мир и загрозување на безбедноста на земјата и државните институции“.

 

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дачиќ во пишана изјава предупреди дека нема да бидат толерирани ни напади на полицијата на опозициските протести.

„Секој кој ќе ја нападне полицијата ќе биде приведен и ќе бидат поднесени кривични пријави за напад на службено лице при вршење на службената должност“, истакна Дачиќ.

Во Белград денес беше приведен лидерот на движењето Тргни-Почни Саво Манојловиќ за време на протест на Стариот савски мост, додека пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад дошло до туркање на полицијата која ги обезбедува тие објекти и претставници на опозициските партии кои од вчера ги блокираат тие институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ