петок, 6 декември 2024

Промоција на деби-албумот на Иван Кукиќ во „Аудиокултура“

Деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ насловен „Sunday vibes“, објавен под закрилата на Кроациа рекордс, својата скопска промоција ќе ја има во сабота, 23 ноември во „Аудиокултура“.

 

Објавено на

часот

Сподели

За таа прилика Иван подготвува и мал акустичен концерт, со своите најблиски соработници.
Самиот албум содржи десет песни, од кои две се веќе промовирани како синглови: „Балада за една љубов“ и „Друмови“.
Иван Кукиќ е авторот кој стои зад најголемиот дел од материјалот на албумот, песната „Пружам руке две“ ја отпеа со Дадо Топиќ, „Sunday vibes“ со Влатко Стефановски, „Life of Jupiter“ со групата Јупитер, „Music philosophy“ со Теодоси Спасов, „Зрно наде“ со Сакис Доволис, а интересниот сингл „Балкан фанк“ е создаден во соработка со Џамбо Агушев и Јан Стефановски.
Иван Кукиќ, кој на јавноста и е познат како бас-гитарист во Триото на Влатко Стефановски, пред една година дипломираше музичка продукција и дизајн на звук, а по дипломирањето во Белград се стекна со титулата „Дипломиран уметник на повеќемедиска уметност“.
Кукиќ свири на шест инструменти: гитара, тапани, пијано, контрабас и народни инструменти, компонира, аранжира и пее. Иако е многу млад, овој љубител на музиката често настапува низ регионот, а беше и дел од неколку меѓународни натпревари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ