петок, 6 декември 2024

Честитки од регионот за Шекeринска за нејзиното именување за заменик генерален секретар на НАТО

Откако на официјалната веб-страница на НАТО беше објавено дека генералниот секретар Марк Руте ја именуваше Радмила Шекеринка, поранешна министерка за одбрана и вицепремиерка за евроинтеграции на Македонија за своја заменичка, односно заменик генерален секретар на Алијансата, прва со честитки се огласи американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер.

Објавено на

часот

Сподели

„ Чеситки до Радмила Шекеринска идниот заменик-генерален секретар на НАТО, како и до премиерот Христијан Мицкоски и за Владата на Северна Македонија што ја поддржаа нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и на улогата на Македонија како ценет сојузник на НАТО и партнер на САД“, напиша Агелер на мрежата Х.

Преку истата мрежа Х, честитки за изборот на Шекеринска испрати и бугарскиот претседател Румен Радев секретар на НАТО.

„ Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговoрната позиција во НАТО. Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана и безбедност на Алијансата“, напиша Радев.

Честитки упати и албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани,

„ Честитки до Радмила Шекеринска од Северна Македонија за нејзиното именување за заменик генерален секретар на НАТО. Задоволство е да се види оваа важна улога за првпат доверена на истакнат претставник на сојузник на НАТО од Западен Балкан“, истакнува Хасани.

Во честитката Хасани посакува соработка во зајакнувањето на заедничката посветеност на мирот и стабилноста.

„ Со нетрпение очекувам да соработуваме за да се справиме со регионалните и глобалните безбедносни предизвици и да ја зајакнеме нашата заедничка посветеност на мирот и стабилноста“, напиша Хасани во објавата на социјалните мрежи.

По именувањето и честитките, кон крајот на денот се огласи и поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на социјалната платформа Х, пишувајќи дека ќе ѝ биде привилегија да служи како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„ Ќе ми биде привилегија да служам како заменик генерален секретар на НАТО под раководството на Руте. Посветена сум на работата со сите сојузници кон уште посилна и побезбедна Алијанса“, напиша Шекеринска.

Радмила Шекеринска беше избрана за заменичка на генералниот секретар на НАТО, во конкуренција на уште три кандидатки од регионот на Југоисточна Европа.

Од македонските политичари, Шекеринска првите честитки ги доби од нејзините сопартијци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како и од поранешниот премиер и лидер на оваа партија, Димитар Ковачевски.

Исто така и Советот на амбасадори на Македонија денеска го поздрави именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Од Советот соопштија оти веруваат дека Шекеринска успешно ќе ги извршува задачите и ќе придонесе кон зајакнување на Алијансата, преку работа на унапредување на единственото на овој најсилен одбранбен сојуз во светот. Амбасадорите сметаат дека со именувањето на Шекеринска на високата позиција во НАТО, „ Македонија покажува дека, иако мала, може значајно да придонесе кон мирот во Европа и светот преку нејзиното активно делување во НАТО“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ