среда, 4 декември 2024

Америка стави вето на резолуција на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа

Соединетите Американски Држави ставија денес вето на нацрт резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се повикува на моментален, безусловен и траен прекин на огнот во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нацрт резолуцијата ја подготвија членките на СБ на ОН Алжир, Еквадор, Гвајана, Малта, Мозамбик, Јужна Кореја, Сиера Леоне, Словенија и Швајцарија, а добила 14 од 15 гласа.

Резолуцијата повикува на моментален, безусловен и траен прекин на огнот кој мора да го почитуваат двете страни, со повторување на барањето за итно и безусловно ослободување на сите заложници, со повик до Советот за безбедност да ја исполни својата одговорност за одржување на меѓународниот мир и безбедноста.

Нацрт резолуцијата го отфрла „секој обид да се изгладнуваат Палестинците“ и повикува на „овозможување целосно, брзо, безбедно и непречено влегување на хуманитарна помош во големи количества низ Појасот Газа“.

Повикувајќи ги двете страни на почитување на меѓународното хуманитарно право, особено во поглед на заштитата на цивилите и цивилната инфраструктура, спроведување на Резолуцијата 2735 на Советот за безбедност, која вклучува одредби за заложниците, палестинските заробеници и повлекување на израелските сили од Газа, кое исто така се бара.

Меѓутоа, американската делегација стави вето и го спречи усвојувањето на резолуцијата.

САД претходно ставија вето на нацрт резолуции на Советот за безбедност со кои се повикува на моментален прекин на огнот во Газа во три други наврати, во октомври 2023, во декември 2023 и во февруари оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ