среда, 4 декември 2024

На тендерот за гасовод со Грција се пријавија фирми од Италија, Србија и Турција и една домашна компанија

Номагас АД Скопје денеска го затвори тендерот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на гасоводот за интерконекција помеѓу Македонија и Грција. Проектот е еден од најзначајните инфраструктурни зафати во енергетскиот сектор како во државата така и во регионот, кој треба да обезбеди алтернативен извор на природен гас и диверзификација на снабдувањето.

Објавено на

часот

Сподели

 

Крајниот рок за прием на понудите беше 20 ноември. На тендерот се јавија 5 компании од кои четири странски (две од Италија и по една од Турција и Србија)и една домашна компанија.

Тендерската постапка беше отворена, а компанијата која ќе биде избрана ќе има рок од две години за изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во должина од 67 километри. Се очекува до крајот на годината да биде финализиран изборот, како и потпишувањето на потребните договори со компанијата која ќе ги изведува градежните работи, со што, според очекувањата, изградбата ќе почне напролет.

Средствата за изградба на интерконекторот се обезбедени преку кредити и грантови од меѓународни финансиски институции, меѓу кои Европската инвестициска банка (28,9 милиониевра), Европската банка за обнова и развој (44 милиони евра), инвестициски грант преку ВБИФ (9,9 милиони евра), како и техничка помош (100% грант) преку програмата ВБИФ за надзор, инспекциско тело и административна помош за НОМАГАС АД Скопје.

Гасоводот ќе овозможи не само транспорт на природен гас, туку и водород, со што ќе се придонесе кон транзицијата кон зелена енергија и исполнување на европските стандарди, соопшти Номагас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ