среда, 4 декември 2024

Песков: Замрзнување на украинскиот конфликт е неприфатливо за Русија

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти денес дека замрзнувањето на украинскиот конфликт е неприфатливо за Русија и додаде дека за Москва е важно да ги оствари своите добро познати цели, пренесува руската агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи го извештајот на Ројтерс дека постојат неколку сценарија за завршување на конфликтот, Песков кажа дека „ниедно сценарио за замрзнување на конфликтот нема да ѝ одговара на Русија“.

„Важно ни е да ги оствариме своите цели кои на сите им се добро познати“, истакна тој.

Ројтерс објави дека раководствата на Русија и Соединетите Американски Држави наводно наскоро би можеле да се договорат за замрзнување на непријателствата во Украина. Според извори на таа новинска агенција, страните би можеле да разговараат за конкретна линија на разграничување, како и за размена на територии, на пример во Курската и Харковската област.

Русија повеќе пати го истакна императивот на целите на специјалната воена операција, кои вклучуваат неутрален и вонблоковски статус на Украина, осигурување на безбедноста на руските граници, одбивање на Киев на своја територија да распореди странско оружје.

Покрај тоа, Москва се залага за неопходноста на прифаќањето на реалноста на теренот: слободната волја на жителите на Крим и Севастопол, како и Доњецката и Луганската Народна Република, Запорошката и Херсонската област да бидат дел од Русија, пишува ТАСС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ