недела, 7 јули 2024

Тен Хаг стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед

Објавено на

часот

Сподели

И покрај тоа што водеше преговори со неколку други тренери, Манчестер јунајтед на крајот одлучи дека најдобро е да му даде поддршка на Тен Хаг.

„Ерик тен Хаг го продолжи договорот со Манчестер јунајтед до јуни 2026 година“, соопштија од клубот.

Тој е среќен што продолжува да работи во Јунајтед.

„Многу сум задоволен што постигнавме договор со клубот да продолжиме да работиме заедно. Гледајќи назад во изминатите две години, можеме да бидеме горди на двата освоени трофеи и многуте примери на прогресија од каде што беше клубот кога дојдов“, вели Тен Хаг.

„Како и да е, мора да биде исто така и јасно дека се уште имаме многу работа пред нас за да го достигнеме нивото кое се очекува од Манчестер јунајтед, што значи да бидеме конкуренти за трофеите во Англија и Европа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ