недела, 21 јули 2024

Играњето со рака на Кукуреља донесе лавина реакции, стигна објаснување зошто не е пенал

И самиот Јулијан Нагелсман призна дека УЕФА ги следела новите правила за игра со рака кои ги потенцирала во пресрет на Европското првенство, германскиот селектор сепак не се сложува дека тие се исправни.

Објавено на

часот

Сподели

Лавина реакции донесе одлуката да не биде досуден пенал за Германија по играта со рака на Кукуреља.

Некои сметаа дека во зачетокот од акцијата веројатно имало офсајд од Никлас Филкруг, па затоа Ентони Тејлор не отиде барем да погледне снимка дали е пенал. Но, тоа не било случај, англискиот судија само доследно ги почитувал новите правила на УЕФА.

Според тие правила за играње со рака во шеснаесетникот се смета крената рака покрај телото или свитката во лакт, но не и кога таа е спуштена кон земјата.

Раката на Кукурења беше спуштена кон земјата, но прашање е дали таа беше во природна положба и дали го правеше телото поголемо.

По мечот и Нагелсман беше сложен дека Тејлор ги почитувал новите правила, иако тој не се сложува со нив.

„Донесено е правило и се надевам дека одлуката не е погрешна. Ги применија правилата и не досудија пенал. Не мислам дека сме украдени. За мене основното прашање е дали ова правило има смисла, дали е логично, може ли да биде попрактично. Зборувам секој ден, не само денес. Доколку ја погледнете положбата на раката, таа е далеку од телото“, вели Нагелсман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ