недела, 23 јуни 2024

Шолц е убеден дека тој ќе биде кандидат на својата партија на следните избори

Германскиот канцелар Олаф Шолц е уверен дека повторно ќе биде кандидат на својата левичарска партија на општите избори следната година и покрај поразот што го претрпе на неодамнешните избори за Европскиот парламент, пишува денеска германската агенција дпа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шолц во денешното интервју за телевизијата АРД брзо одговори со „да“ на прашањето дали е сигурен дека ќе биде кандидат на социјалдемократите за канцелар на изборите во 2025 година.

Шолц го призна лошиот резултат што социјалдемократите и двете други партии во неговата владејачка коалиција, зелените и либералите, го постигнаа на европските избори на 9 јуни. Заедно, трите партии добија помалку од една третина од вкупниот број гласови.

Но, Шолц рече дека не ги поддржува повиците за гласање на доверба во неговата влада во парламентот и дека нема да бара предвремени избори.

„Факт е дека владата има мнозинство во парламентот. Само што донесовме закони оваа недела во Бундестагот и имаме мандат да го исполниме и да ја завршиме својата работа. Тоа е она што го правиме“, рече Шолц, кој даде интервју пред напуштање на самитот на групата Г7 во Италија.

Опозициската Демохристијанска партија на десниот центар победи на европските избори, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија, исто така, оствари добивки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ