недела, 21 јули 2024

Измерена највисока температура во Европа, катастрофални услови низ континентот, има и мртви (ВИДЕО)

Екстремните временски услови продолжуваат да уништуваат големи делови од Европа, сите рекорди паѓаат, топлотниот бран одзема човечки животи.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Живата во термометарот се искачи на 42 степени Целзиусови во јужниот италијански град Фоџа, додека хотелите на Сицилија, наводно, почнале да ги одвраќаат туристите поради невидената суша на островот, пренесува Курир.

На Балеарските Острови е забележано цунами додека поројните дождови опустошија алпско село во Франција, принудувајќи ги жителите да се евакуираат со хеликоптери.

Повеќе од 10 лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар што зафати неколку села во Турција во областа меѓу провинциите Дијарбакир и Мардин. Турција е зафатена од сушен период кој овозможува пожарите брзо да се шират. Министерот за здравство Фахретин Коча на својот профил на социјалната мрежа Икс објави дека шест лица се во тешка состојба.

Властите во соседна Грција евакуираа неколку села јужно од Атина и во регионот на јужниот дел на Пелопонез поради шумските пожари кои се надвор од контрола. На пожарникарите на теренот им помогнале авиони кои посипувале вода. Поширокиот регион на Атина во петокот беше во екот на вонредна состојба на пожари поради временската прогноза со забрана за влез во шуми и паркови.

Италија, исто така, се подготвува за шумски пожари со предупредување дека топлотниот бран во комбинација со сувите услови може да создаде идеални услови за шумски пожари во области како Сардинија и Сицилија.

Локалните медиуми пренесуваат дека на Сицилија се забележани 48,8 степени – највисока температура во Европа од 2021 година. Хотелите во Агриденто повеќе не нудат ноќевање со појадок бидејќи залихите на вода се при крај. Франческо Пикарела, локалниот шеф на хотелската асоцијација, вели дека водоснабдувањето се вклучува два или три пати неделно.

„Сите куќи имаат цистерни за складирање вода, но за некои тоа не е доволно. Местата без вода ги пренасочуваат туристите во други куќи. И тоа само што започна летото“, вели Пикарела.

Хрватскиот климатолог Лидија Срнец наведува дека порастот на температурата влијае на сите живи суштества и дека губењето на ведрите годишни времиња е неповратна последица на климатските промени.

Повеќе од 1.000 аџии загинаа поради топлотниот бран што ја погоди Саудиска Арабија за време на најголемиот собир на муслимани во  светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ