Португалија се прикажа во мноту подобро светло во однос на првото коло, па вечерва без многу проблеми ја совлада Турција со 3-0 за првото место во Групата Ф и пласман во нок-аут фазата.
Резултатот беше отворен во 21. минута, едно додавање на Мендеш стигна до Бернардо Силва, кој знаеше како да ја искористи укажаната шанса и ја затресе мрежата за 0-1.
Во 28. минута падна еден од најсмешните автоголови на Европските првенства, Кансело лошо испрати една топка до Роналдо, и наместо турската одбрана мирно да ја реши ситуацијата, Акајдин без да види дека голманот тргна по топката, реши да враќа назад и си постигна автогол.
Конечниот резултат беше поставен по десетина минути игра во второто полувреме, Роналдо доби топка во фор, несебично го проигра Бруно Фернандеш, кој рутински реализираше за 0-3.