среда, 24 јули 2024

Младинките на Македонија ја совладаа Ангола и се пласираа меѓу најдобрите 16 во светот

Женската ракометна репрезентација  на Макдонија до 20 години славеше против Ангола со 28-24 и обезбеди следна фана на Светското првенство чиј домаќин е нашата земја.

Објавено на

часот

Сподели

Во клучниот меч за второто место во групата, нашите ракометарки го совладаа директниот ривал Ангола со 28-23, пред се благодарение на одличното второ полувреме. Африканската селекција подобро го почна натпреварот, но до средината на првиот дел се играше израмнето. По серијата од 4-0, Македонија поведе со 10-7, Ангола дојде на -1, но на голем одмор се замина со 13-11 за нашата репрезентација.

Победникот беше решен во раната фаза од второто полувреме, поточно по серијата од 6-0 на Македонија по која нашите ракометарки отидоа на +7 (19-12). Нешто подоцна ја достигнавме и највисоката предност, од осум разлика (26-18), а само поради опуштањето во македонскиот тим и серијата од четири гола, Ангола во финишот се избори за пристоен пораз.

Емилијана Ризоска и Сара Стефаноска со по шест гола беа најефикасни во македонската репрезентација, а Ива Младеновска додаде пет.

Во главната фаза, Македонија ќе биде во група со Португалија и Црна Гора, покрај Исланд со кого се сретна во групата. Во вториот дел влегуваме без бодови што ќе ни ја отежни работата во обидот за пласман во четвртфиналето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ