среда, 24 јули 2024

Страшно невреме во Швајцаријa, три лица се исчезнати

Три лица се затрупани во одрон на карпи по силна бура во швајцарскиот регион Грисонс на југоистокот на земјата. Една жена е спасена утрово во близина на селото Лостало северно од езерото Комо, извести денеска регионалната полиција.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Туристичкото одморалиште Зермат на Матерхорн на швајцарските Алпи е отсечено од надворешниот свет поради опасност од поплави. Потрагата по останатите три исчезнати лица утрово сѐ уште трае.

Од вчера има бројни грмежи и обилни врнежи од дожд, поплави и одрони, извести регионалната полиција.

Долината Месолчина јужно од преминот Сан Бернардино на италијанската граница е особено тешко погодена, велат тие. Неколку десетици луѓе се евакуирани од своите домови како мерка на претпазливост, патиштата се поплавени, велат тие.

Полицијата предупреди да не се влегува во подрумите и подземните паркинзи и го повика населението да се држи подалеку од поплавените подрачја. Делницата од автопатот на границата со Италија мораше да биде затворена поради свлечиштето.

Две мали реки се излеале од коритото во Зермат. Железничката линија меѓу Висп и Зермат засега останува затворена поради опасност од поплави, соопшти во саботата наутро железницата Матерхорн-Готард.

Затворен е и патот до селото. Градоначалничката Роми Бинер-Хаузер во изјава за швајцарското радио изјави дека сите гости што се на годишен одмор се безбедни. На оние кои не можеа да дојдат или да заминат, ќе им се обезбеди сместување, рече таа.

Главната трговска улица не е погодена, рестораните и продавниците се отворени, изјави вработен во туристичката канцеларија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ