Првиот човек на Шкупи, Олгун Ајдин се повлекува, оваа информација им ја соопштил на вработените на заедничка вечера.
„Претседателот Олгун Ајдин соопшти дека заминува од Шкупи, веста ја пренесе на заедничка вечера со вработените. Тој самиот веќе предупреди на едно вакво сценарио по натпреварот против Вардар, и сега токму тоа се случи“ – се вели во соопштението на клубот од Чаир.
„Олгун Ајдин го презеде клубот во 2018, и веќе во првата сезона беше обезбеден настап во Европа. Со него како претседател, Шкупи пет сезони играше во Европа, а во 2022 година клубот стана и шампион, го врати трофејот во Чаир по 21 година пауза“.