среда, 3 јули 2024

Северна Кореја истрела проектили откако им се закани на САД, Јапонија и Јужна Кореја

Северна Кореја денеска истрела една балистичка ракета со краток дострел и друга балистичка ракета со непознат дострел, соопшти јужнокорејската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првата балистичка ракета со краток дострел беше истрелана кон североисток околу 5:05 часот по локално време во близина на Чангјон, во јужната севернокорејска провинција Хвангхае. Уште една неидентификувана балистичка ракета е откриена околу 5:15 часот, изјави началникот на Генералштабот на Јужна Кореја.

Војската на Јужна Кореја е целосно подготвена и тесно споделува информации со американските и јапонските власти додека го засилува надзорот и будноста како подготовка за какви било натамошни лансирања, се вели во соопштението на највисоките воени претставници.

Вчера, Северна Кореја ја критикуваше заедничката воена вежба меѓу Јужна Кореја, Јапонија и Соединетите Држави одржана минатиот месец и предупреди на „голем одговор“ против таквите вежби.

Северна Кореја минатата недела соопшти дека успешно извршила важен тест со цел да развие ракета што носи повеќе боеви глави, тврдење кое Јужна Кореја го отфрли како „измама“ за да се прикрие неуспешното лансирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ