сабота, 6 јули 2024

Русија ќе одговори на одлуката на Финска за пристап на САД до воените бази

Русија ќе одговори на одлуката на Финска да им дозволи на САД пристап до нејзините воени бази, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Финскиот парламент на 1 јули едногласно го одобри Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) со Соединетите држави, кој беше потпишан во декември 2023 година.

Во договорот се наведени 15 објекти и области во Финска до кои американската војска ќе има неограничен пристап и каде што може да складира воена опрема и муниција.

„Можам само да потврдам дека Русија нема да пропушти да одговори на трупањето сили на НАТО на нашата граница, што претставува закана за безбедноста на Руската Федерација“, изјави заменик-портпаролот на Министерството, Андреј Настасин.

„Ќе ги преземеме сите неопходни мерки, вклучително и мерки од воено-техничка природа, за да возвратиме на агресивните одлуки на Финска и нејзините сојузници во НАТО“, додаде тој.

Финска стана членка на НАТО минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ