четврток, 18 јули 2024

Канада на пенали ја победи Венецуела и ќе игра полуфинале со Аргентина! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Канада направи неверојатен успех во своето прво учество на Копа Америка откако стигна меѓу четирите најдобри на турнирот.

Објавено на

часот

Сподели

Дека ова ќе биде убав ден за Канаѓаните најави Шафелберг уште во 13. минута кога донесе водство за својата репрезентација од 1-0.

Во првото полувреме Канада имаше уште неколку шанси да го зголеми водството, но не успеа во тоа.

Казната стигна во 65. минута кога Рондон од речиси половина терен го лобуваше истрчаниот голман на Канада за израмнување на 1-1.

Пенал серијата беше неизвесна, стигна до шест шута, Канада промаши двапати, Венецуела трипати по што можеше да почне радоста на Канаѓаните.

Тие во полуфиналето ќе играат против селекцијата на Аргентина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ