понеделник, 8 јули 2024

Рубиковата коцка е симбол на претседавањето на Унгарија со ЕУ

Рубиковата коцка е избрана за симбол на шестмесечното претседавање на Унгарија со Европската Унија бидејќи „ја илустрира сложеноста на европските прашања и инвентивноста неопходна за нивно решавање“, изјави унгарскиот амбасадор во Париз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со своите 27 коцки, колку што има и држави членки на ЕУ, славната играчка за местење е дел од „оптиката“ на унгарското претседателство кое тукушто почна, бидејќи го „олицетворува духот на иновацијата и решавање на проблемите“, кажа унгарскиот амбасадор Ѓерѓ Хазбург Лорен во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, горниот дом на францускиот парламент.

Унгарецот Ерне Рубик (79), скулптор и професор по архитектура, во 1974 година ја измислил наградуваната играчка и се збогатил од нејзината продажба низ светот. Таа е инспирација за книги, шампионати, па дури и цртан филм.

Унгарското претседавање почна на 1 јули и трае до крајот на годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ