„Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имале, практично тие се групи криминални групи, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време. Во последниот месец имаме приведено тројца, како дел од групите коишто беа во таканаречената оперативна акција ‘Планина’ што говори за висок степен на ангажираност и за конфротација помеѓу тие криминални групи, коишто 30 години некој ги создавал“, рече Спасовски.
Посочи дека како МВР објавиле војна против овие криминални групи и дека во таа насока нема да се застане, а во контекст на вчерашното пукање во Ист гејт рече дека од прв момент се работи на случајот.
„Од вчера активно се работи. Формиран е посебен штаб во Секторот за внатрешни работи-Скопје. Приклучени се тука од одделот за криминалистичка полиција, форензика, одделот за организиран криминал итн. Сите заеднички прибираат информации, докази за Јавното обвинителство со цел да се утврдат фактите и да може да се открие сторителот, меѓутоа и мотивите коишто се во однос на овој настан“, рече Спасовски и нагласи дека безбедноста на државата и на градот е најважна.
Тој додаде дека се работи интензивно, се разговара со луѓе и се утврдуваат факти.
Прашан како можеше да се дозволи вчерашниот инцидент, пукање во молот во Скопје и тоа по втор пат од исти актери, Спасовски со одговор дека во Скопје и во други градови во земјава криминални активности се случуваат секојдневно и, како што рече. работата на полицијата е да работи перманентно во подобрувањето на безбедноста и тоа не само во делот на криминалитетот, туку и во сообраќајот и во секој дел, во којашто е таргетирана безбедноста на граѓаните.
Прашан дали се размислува за поставување на скенери, бидејќи во Скопје има голем број на трговски центри, министерот за внатрешни работи, Спасовски вели дека неколкупати отварале таква дебата во рамките на МВР и какошто вели, очигледно треба да се донесе некакво решение и правен пропис, со коишто би се задолжиле големите трговски центри или другите објекти.