Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 16 степени.
Утре наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.