четврток, 23 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Левица: На криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од Левица, Јована Мојсоска, ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен. Левица се претстави како партија на нова генерација политичари без криминален багаж и додаваат дека на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество.

Објавено на

часот

Сподели

„Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше случајот со последните измени на Кривичниот Законик, каде беа амнестирани над 80 функционери од поранешната и актуелната власт. Антикорупциската платформа на Левица се темели на неколку клучни точки: итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis, незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери, трикратно зголемување на рокот на застареност во Кривичниот законик за делата сторени од носителите на јавни функции, поврзани со т.н. службенички криминалитет, проширена конфискација (кривична или граѓанска) на нелегално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси – не само од нив лично, туку и од нивни блиски роднини, пријатели/партнери или трети лица, разрешување на судија по сила на закон на кој му застареле три предмета во кариерата и поради кои Република Македонија ќе изгуби спор пред Судот во Стразбур со цел ставање крај на партизацијата на судството“, велат од Левица.

Од партијата додаваат дека на криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот на 8 мај, а потоа мора да има ригорозна одговорност за економскиот, социјален и национален пустош кој го оставија во нивното катастрофално владеење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ