Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б. (31) од Скопје поради сомнение дека на 9 ноември во трговски центар на подрачјето на Чаир одзел електричен тротинет, сопственост на И.Ш. од Скопје.
Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото. Тротинетот бил одземен и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава