„Јас реагирав веднаш по одлуката на Уставниот суд за зголемување на платите. Не кажав дека одлуките на Уставниот суд не треба да се почитуваат. Станува збор за енормно зголемување, а знаеме во каква ситуација сме поради војната во Украина и инфлација“, рече Пендаровски.
Тој вели дека политичарите не живеат лошо во државава.
„Побарав да се направи нешто, да се сменат коефициентите по кои земаме плата, и да се нивелираат платите на ниво на држава, затоа што е недозволено директор на некое јавно претпријатие да зема 2-3 пати поголема плата од претседател или премиер. На Уставниот суд одлуката е од март, а шест месеци чекаме Владата да предложи закон за намалување на платите. И не знам зошто се чека за да го усвоиме час поскоро. И да не чекаме реакции по повод одлуката на Уставниот суд. И власта и опозицијата си премолчеа“, вели Пендаровски.
Очекувам, додаде претседателот, и барам намалување на 78 отсто на платите на функционерите вклучително и на мојата.