понеделник, 25 ноември 2024

Пратениците на Левица поднесоа кривична пријава против претседателот на Собранието

Пратениците на Левица поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, заради основано сомневање за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, казниво по член 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години, соопшти партијата додавајќи дека станува збор за прва пријава против актуелниот собраниски спикер. Кривичната пријава е поднесена поради „пропуштање службено дејствие и свесно и злонамерно несовесно и противзаконито постапување во случајот со неодземањето на мандатот на пратеникот Талат Џафери од ДУИ, поради уставна инкомпатибилност и неспојливост на функциите премиер и пратеник“.

Објавено на

часот

Сподели

„Пријавениот, согласно императивни одредби од дури четири важечки закони и од Деловникот на Собранието, бил должен да ја констатира состојбата на судир на интереси и кумулација на функции кај Џафери и да го дополни дневниот ред на првата наредна собраниска пленарна седница – но, истиот одбил да го стори тоа што му било изрична обврска и покрај поднесеното писмено барање од страна на пратеничката група на Левица, како и покрај јавните укажувања на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Ја известуваме јавноста дека правниот тим на Левица и во иднина будно ќе ја следи законитоста во работењето на новиот собраниски спикер и соодветно ќе реагира на секое противзаконито постапување или непостапување“, се вели во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ