среда, 11 декември 2024

Познат составот на новата комисија за помилување на претседателката Силјановска-Давкова

Комплетиран е новиот состав на Комисијата за помилување, а за утре е предвидено да се одржи првата конститутивна седница, брифираат од Кабинетот на претседателката, Гордана Силјановска-Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателка на комисијата е  д-р Милка Ристова, а во нејзиниот состав се и проф. д-р Оливер Бачановиќ, проф. д-р Александра Груевска Дракулевски, проф. д-р Блерта Ахмеди, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р Афет Мамути и м-р Доан Сулејманоски.

Оваа комисија е дел од телата на претседателката, која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди.

„ Најважното за оваа комисија е прво, бидејќи доаѓа Нова година, а тогаш има помилувања, да го стори тоа. Ама, час поскоро да ги свика членовите на сите претходни комисии за помилувања, за да ги чуе нивните забелешки, искуства и предлози. Потоа, исто така, да свика, претседателката на Комисијата една расправа, знаете дека беше изработена работна верзија, за законот за помилување. Нашиот Закон за помилување сега е многу дефектен. После промените, значи укинувањето на одредби од страна на Уставниот суд, навистина, нам ни треба еден закон компатибилен со европските и мислам дека тогаш комисијата ќе може да го преземе товарот на одлучувањето“, изјави Силјановска-Давкова неодамна во интервју за МРТ.

Претседателката потенцира дека нам ни треба закон во кој точно ќе се утврди кој, како и што прави, но најголемата опасност за овој процес е да се политизира или партизира.

„ Помилувањето кое кај нас е минимално, мора да се однесува на социјализацијата и ресоцијализацијата, врзана за делата коишто се сторени. Значи мораме ние да го сториме тоа. Ќе се најдеме набрзо под силно обвинение за тортура над затворениците. Држава сме со најмалку помилувања, држава сме со најмало време на помилувања. Сега зборувам за шест, три или еден месец“, изјави Силјановска-Давкова.

Според Силјановска-Давкова, нам ни препорачуваат да се зголеми должината на помилувањата, затворските услови и да видиме дали не треба и во поглед на делото „производство и дистрибуција на наркотици“, како и можност за помилување ако се на доживотен затвор, што во светот е нормална работа.

Одлуките за помилување на осуденици, шефот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.

Претходниот состав на Комисијата, која беше конституирана кон крајот на јули си поденесе колективна остаква, откако дел од помилувањата објавени за Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври предзивикаа реакции во јавноста, а дел од медумите тогаш јавија дека едно од помилуваните лица е член на наркокартелот „Барон“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ