петок, 6 декември 2024

Горивата поскапуваат од полноќ

Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,7 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72, а  Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,029 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,737 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,489 отсто, кај дизелот за 3,554 и кај екстра лесното масло за 2,215 отсто, а кај мазутот има намалување за 2,312 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7524 отсто.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ