четврток, 4 јули 2024

Пожарот кај Пуста Река во Kрушевско го изгаснаа полициски хеликоптери (ВИДЕО)

Шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река, доби опасни димензии и се приближи близу до селото поради што на помош на крушевските пожарникари се испратени два полициски хеликоптери, јавија попладнево од Центарот за управување со кризи – ЦУК.  Од МВР подоцна, вечерва, соопштија дека пожарот е изгаснат.

Објавено на

часот

Сподели

„Со два хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици е изгаснат шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река. По добиено барање од ЦУК, врз пожарот двата хеликоптери исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ